Категории

Природно решение за холестеролот со домашно приготвен напиток

Еве како да го намалите ризикот од здравствени тегоби

Причината за настанувањето на лошиот холестерол најчесто е поради лошиот начин на живот и изложеноста на стрес. Намалената физичка активност, лошата исхрана и стресот предизивкуваат нивото на ХДЛ холестерол во крвта да се намалува, додека нивотот на лош ЛДЛ холестерол да расте.

Добриот холестерол или ХДЛ игра голема значајна улога во организмот. Неговата улога е да ги чисти крвните саодви така што за себе врзува вишок масти од истите и на тој начин спречува бројни оболувања на крвните садови, а го штити и мозокот и срцето.
Што неговото ниво во организмот е повисоко, толку артериите се побезбедни, а ризикот од создавање на тромб е помал.

Како да подготвите домашен лек кој ќе го совлада холестеролот во крвта за многу кратко време
Потребно ви е 1,5 литри вода, 1 кг лимон и 3 китки магдонос.
Кората од лимон измијте ја добро со сода бикарбона за да ги отстраните нечистотиите. Се препорачува употреба на органски лимон.  Зовријте вода и оставете ја да се олади. Лимонот исецкајте го на мали кришки додека магносот на ситни делчиња и додадете ги во изладената вода. Поклопете го садот и оставете го во фрижидер еден ден.
Смесата измешајте ја во блендер и ставете ја смесата во стаклен сад. Оваа напивка конзумирајте ја секој ден во количина од 100мл и ќе го забележите подобрувањето.

Прегледи:
393
Објавено на:
30.09.2019