Категории

Пристигна Папата Франциск во Скопје: „Соживотот во Македонија е пример за светот“

Папата Фрањо утринава пристигна во Скопје. На Скопскиот аеродром го пречекаа претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.

Неговата посета се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Македонија, односно Република Северна Македонија и Ватикан. Ова е прва посета на папа на Македонија.

Папата Фрањо ја почна првата посета на Македонија со средбата со државниот врв во претседателската вила на Водно. Домаќин на средбата што почна со високи државни и воени почести беше претседателот во заминување Ѓорге Иванов, а присутни беа и премиерот Зоран Заев, новиот претседател Стево Пендаровски и делегација од министри во Владата, претставници на политичкиот живот, граѓанското општество и дипломатскиот кор.

Во поздравниот говор Папата рече дека верскиот и етнички соживотот и толеранцијата кои опстојуваат со векови во Македонија е пример, и дека тоа треба да придонесе за што поскора европска интерграција. Го истакна и придонесот на Македонија за помош на бегалците од Блиски Исток кои бегаа од војна во 2015 и 2016.

„Се надевам дека ќе се зачува оваа нишка солидарност која ве одбележа во секое добродетелско служење на оние што немаат“, рече папата Фрањо.
Прегледи:
532
Објавено на:
07.05.2019