Категории

Привлечете ги љубовта и богатството со помош на бамбусот

Lucky Bamboo е името на бамбусот кој можете да го најдете во скоро секоја цвеќарница. За оваа билка постои старо кинеско верување дека носи среќа, па од таму е и неговото име.

Во Азија оваа билка се носи во нов дом бидејќи позитивно влијае на емоциите и атмосферата како и на работниот простор, бидејќи се верува дека носи и успех и напредок во кариерата.

Се верува дека две стебленца бамбус носат љубов, три обезбедуваат среќа, пет носат здравје, осум се за оние кои сакаат богатство, а девет носат среќа во сите области.

Ако сакате да проверите дали ова навистина функционира, добра вест е што бамбусот не бара некоја посебна нега за одржување.

Потребно е стебленцата да ги држите во вазна и на тој начин може да преживее и до неколку години. Водата треба да се дополнува на секои десет дена или две недели.

Треба да се има на ум дена среќниот бамбус е чувствителен на директна сончева светлина. Премногу силна светлина може да ја промени бојата на листовите од зелена во жолта.

Бамбусот успева и во слабо осветлени простории или во простории со вештачко светло.

Ако листот пожолти треба да се отстрани за да израсне нов. Исто така треба да се каже дека оваа билка е с отпорна на широк опсег на температури од 15 до 32 степени.

Збогатете го својот дом со оваа прекрасна билка која може да ви донесе љубов, богатство и среќа.

Прегледи:
1586
Објавено на:
17.11.2016