Категории

Пробајте ја оваа интересна комбинација на јајца печени во домати

Доколку сакате да пробате некој нов, интересен рецепт, пробајте ја оваа интересна комбинација на јајца печени во домати.


Состојки:

маслиново масло
8 домати
8 јајца
1/4 чаша млеко
1/4 чаша пармезан
бибер, сол, магдонос

Подготовка:
Загрејте ја печката на 180 степени и намачкајте го калапот за печење со масло. Доматите треба да ги издлабите и во нив да ги ставите јајцата. Додадете млеко и пармезан. Додадете сол, бибер и свеж магдонос. Печете ги доматите додека не омекнат, околу 15 минути.

Добар апетит!

Прегледи:
630
Објавено на:
23.11.2018