Категории

Прочитајте го ова пред да почнете да го барате вашиот партнер

  1. Помалку грижете се за тоа дали Вие им се допаѓате и почнете повеќе да се грижите за дали тие Ви се допаѓаат Вам.
  2. Ако некој ве одбие, тоа всушност не е толку персонално колку што изгледа. Кога некој ни се допаѓа тоа е всушност прашање на компатабилност, а не на кој колку е вреден.
  3. Немојте да одбирате некој кој што не Ве одбира Вас. Ако чувството не е обострано зошто да продолжите?
  4. Прашајте се: Дали би биле пријатели со таа личност ако не Ви се физички привлечни? Бидете искрени сами со себе.
  5. Немојте да бидете шокирани од однесувања кои повторно и повторно се повторуваат. Наместо зборови, идентификувајте ги акциите кои се поворуваат и по кој редослед се повторуваат и верувајте им нив.
  6. Не мора да бидете перфектни за да бидете сакани. „Перфекцијата“ не постои и поради тоа што не е рална, не можеме да се поврземе со некој друг преку неа.

 

Не заборавајте дека на крајот од денот сите имаме свои недостатоци и болни точки. Умешноста е во тоа да ги препознаеме и да научиме како да живееме со нив. Токму оваа карактеристика е најпривлечна. Вистинската личност ќе ги сака и деловите кои некогаш сте сакале да ги сокриете.

Прегледи:
407
Објавено на:
13.09.2022