Категории

THE PRODIGY ЌЕ ДОНИРААТ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

Светски познатата група „The Prodigy“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата Фејсбук страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината.
Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите.

„Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци“, напиша групата на социјалната мрежа.

Концертот на „The Prodigy“ треба да се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во рамките на првото издание на фестивалот на отворено „Охрид колинг“.

Во прилог линк од изјавата и видеопорака од членовите на бендот.

https://www.facebook.com/theprodigyofficial/posts/10154430268123249

Прегледи:
372
Објавено на:
11.08.2016