Категории

Прогласен е првиот цртан филм што оствари најголем профит

И покрај мешаните критики на филмските критичари и обичните гледачи, римејкот на цртаниот филм „The Lion King“ од 1994 година стана анимиран филм кој најмногу заработи во историјата: за само еден месец собра повеќе од 1.335 милијарди долари, победувајќи го претходниот рекорд, цртаниот филм „Frozen“, кој заработи 1,277 милијарди долари.

Високата заработка на „The Lion King“ не е само од неговото прикажување, туку и од продажбата на сувенирски производи: повеќе од 2 милијарди долари биле заработени со продажба на производи со дизајни од ликовите од овој цртан филм. Да ве потсетиме дека оригиналниот филм од 1994 година стана еден од најуспешните проекти на Дизни и цртаниот филм доби два Оскари. На ажурираната верзија и е замерено дека има недостаток на оригиналност и на „мирните“ емотивни реакции на цртаните јунаци.

Прегледи:
418
Објавено на:
02.09.2019