Категории

Проклетата кал почнува да смрди. Не можам да молчам!!! Мора да врескам, да врескам за помош!!!

Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Луиза Јакимовска, која, како и многу други граѓани од загрозените подрачја бараат помош за што побрзо расчистување на калта, во страв од зарази:

Недела 07.08.2016, прв ден од поплавата, целиот живот ми се претворил во кал. Го гледам тоа, молчам.

Понеделник 08.08.2016, втор ден живот на безброј семејства се претворил во кал. Ги слушам жалните луѓе останале без дом, без семејство, а некои од нив и без двете. Грозната кал дошла да им го однесе детето. Мрачна беспомошност. Молчам!!!!

Вторник 09.09.2016, трет ден, господе боже грозната кал не престанува да расте, како сениште им ги обзема душите на луѓево. Им влегува длабоко во порите, се суши и полека ги распукува. Патат огромен број луѓе, патат од рапукана душа.

Уште еден ден 10.08.2016, проклетата кал почнува да смрди. Не можам да молчам!!! Мора да врескам, да врескам за помош!!! Ве молам нека дојдат луѓе сета кал и ѓубре да се исчисти. Не смее да дозволиме уште животи да изгубиме благодарение на заразите кои неминовно ќе се случат ако остане вака.

Помош!!!! Ве молам за помош!!!

 

Прегледи:
481
Објавено на:
11.08.2016