Категории

Пролет во февруари – Дали е тоа здраво?

Неочекувани климатски промени се сè поприсутни на нашето поднебје, а често се проследени со извештаи од Итната помош кои укажуваат дека поради температурните разлики има многу интервенции кај лицата со срцеви заболувања, астматичари, психички лабилни лица…

Науката докажала дека ниту физичките и психички здрави лица не се имуни на промените кои се случуваат во атмосферата.

Главоболка, несоница, вознемиреност, чувство на умор се најчести проблеми кои се јавуваат поради големите временски промени.

Во зависност од влијанието на времето, постојат 13 групи на пациенти кои се прилично чувствителни на временските промени, меѓу кои се астматичарите, лица со срцеви болести (ангина пекторис, висок крвен притисок), тие кои иаат чир на дванаесетпалачно црево и на желудник, пациенти кои боледуваат од разни психички тегоби, пред сè психоза).

Астматичарите чувствуваат и реагираат во период од три до 48 часа пред да се случат наглите температурни промени и затоа е добро да се знаее биопрогнозата, на основа на која лекарот дава совет како загрозените лица што побезболно да го надминат периодот кој доаѓа.

Советите, главно се сведуваат на тоа овие лица да се останат дома, да одат на патувања, да не се заморуваат со физички или психички работи, како и да ги земаат лековите што им се препишани.

Лицата кои се склони на психички тегоби можат тие денови да земаат лекови за смирување.

Храната е многу битна за да се надминат овие „тешки денови“, а лекаите советуваат да се внесува овошје, зеленчук и многу течности. Избегнувајте алкохол и вештачки сокови.

Прегледи:
445
Објавено на:
03.02.2016