Најавените концерти во рамки на фестивалот SKOPJE CALLING 2017 ќе се одржат на стадионот на АРМ.
Како предходна локација за фестивалската вечер на 23-ти јуни на која е предвидено да настапат со свој сет MARTIN GARRIX, JAX JONES и ALEX ADAIR. Воедно се најавува и измена на локацијата на THIEVERY CORPORATION.
Имено, како причина за промена на локацијата е дадено одржувањето на Супер купот во фудбал, кој ќе се одржи во Телеком Арената и поради тоа случувањата ќе бидат на стадионот на АРМ, којшто е буквално до Телеком Арената во Скопје.
Согласно известувањето на Авалон, капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.
Како што напоменавме, измена настанува и во однос на настапот на THIEVERY CORPORATION, којшто ќе биде уште поспектакуларен, бидејќи ќе се користи истата бина и продукција која ќе биде наменета за настапот на MARTIN GARRIX на 23 јуни, со тоа што за THIEVERY CORPORATION, просторот ќе биде адаптиран со капацитет од 5.000 посетители.