Постојат работи кои ве променуваат засекогаш, но ниту првата љубов, ниту дипломирањето ниту, пак, работата не ве менува колку улогата на родител и воспитување на дете.
На овие илустрации се прикажани ситуации од секојдневниот живот кој добива сосема поинаков тек откако ќе започнете да ги одгледувате децата, а разликите се навистина големи. Заборавете на распоредот за спиење за време на викендот и сите планови кои однапред сте ги подготвувале, бидејќи откако ќе станете родител, сè станува поинаку и сè станува хаотично. За среќа, фактот дека сте донеле на овој свет нова човечка душа вреди за сите непроспиени ноќи.