Категории

Пронајдена човечка стапалка стара 120,000 години во Саудиска Арабија

Во Саудиска Арабија беа пронајдени траги од човечки стапалки, слонови како и други животни стари 120,000 години, во близина на древно пресушено езеро.

Седум отисоци од човечки стапалки се пронајдени околу древното езеро во северниот дел на Табук, претставувајќи најстариот доказ за присуство на луѓе на Арабискиот полуостров.

Стручњаците веруваат дека се во прашање траги на најмалку двајца луѓе и кажуваат дека тоа би можело да помогне во разбирање на рутата со која луѓето тргнале спрема Африка.

Истражувачот од институтот за хемиска екологија, Метју Стујарт вели дека трагите од стапалки се единствените облици на фосилни докази.

„Знаеме дека луѓето го посетувале езерото во исто време кога биле присутни и животни, а што е необично за тој простор, таму немало камени алати“, вели тој додавајќи дека луѓето најверојатно го посетувале тој простор поради вода и храна.

Други истражувачи наведуваат дека отисоците припаѓаат на современи луѓе, на основа на изгледот и тежината, а не на неандерталци, за кои не се знае дали во тоа време биле на овие простори.

Денес, Арабискиот полуостров го сочинуваат огромни пустини кои никако не би биле населени со луѓе и животни како во тој период. Меѓутоа, во последните 10 години научниците откриле дека тој простор бил значително позелен и влажен, па многу луѓе би можеле да живеат на него.

Прегледи:
756
Објавено на:
15.10.2020