Категории

Пронајдено дело на Исак Њутн од 18 век на кое му недостасува една страница

Примерокот на првото издание на делото „Математички принципи филозофија на природата“ на Исак Њутн е пронајдено на полица за книги во текот на реновирање на една куќа за време на пандемијата на коронавирусот, продадено е на аукција за 25,000 евра.

„Математички принципи филозофија на природата“ важи за најголемото дело во историјата на науката, во кого физичарот објаснува за движењето на објектите и поставува темели за теоријата на гравитација која во тоа време била повеќе од револуционерна.

Овој примерок од книгата датира од 18 век, а изданијата од тој период се ретко во добра состојба и аукциските куќи ги одбиваат примероците доколку на пример, недостасува само една страница.

„Сите дојдоа и ме гледаа како го прегледувам ова старо историско дело, поминавме 40 нервозни минути додека не го затворив вториот том и реков дека е комплетно и вреди 15,000 фунти“, изјави аукционер од аукциската куќа од Англија која била задолжена за продавање на овој пронајден примерок.

Помеѓу колекционерските први изданија, било кое дело од овој период достигнува неверојатна цена па поради тоа не не чуди зошто оваа книга без оглед на состојбата го достигнала својот износ.

Прегледи:
1157
Објавено на:
16.10.2020