Маж од Австралија по име Лук пронашол изгубен мобилен телефон. Мобилниот го нашол на железничката станива Еџклиф, а набрзо дознал дека сопственичка е Моника Кук. Потоа го хакирал телефонот, т.е. како што вели ја погодил едноставната лозинка на телефонот. Потоа пристапил на нејзиниот Фејсбук профил и и напишал необичен статус, а го посетил и нејзиниот Тиндер профил за запознавање на луѓе:
– Здраво Моника!
Го најдов твојот мобилен телефон во воз, треба да ја промениш лозинката за отклучување бидејќи јас навистина лесно ја погодив. Исто така, имаш убава профилна фотографија, се надевам дека си стигнала на локацијата со оглед на тоа дека твојата торбичка за мобилен има кредитна и картичка за превоз и 50 долари готовина.
Ќе оставам се како што беше, но ќе ја внесам и својата потсетница. Ти го освежив статусот да знаеш дека мобилниот ти е во сигурни раце, а и да имаш на што да се смееш подоцна. Отидов на твојот Тиндер и те додадов, така да можеш да го видиш мојот профил вака искрено момче кој го нашол твојот телефон и ти го предадов во полициската станица Таун Хол. Ти посакувам пријатен ден – напишал Луке на статусот.