Категории

Просечно живеат 100 години: Жителите на ова село ви ја откриваат својата тајна на долговечноста!

Ако сакате живот од 100 години, сигурно ќе ве интересираат резултатите од ова истражување.

Истражувањето било спроведено во чилеанскиот регион, кој се наоѓа во јужна Италија, каде луѓето главно живеат долго. Сигурно веќе имате слушнато за медитеранскиот начин на исхрана и нејзините придобивки за здравјето, сепак тоа не е главната причина зошто жителите во овој италијански регион продолжуваат да уживаат во својот среќен, продуктивен живот, дури и кога имаат над 90 години.

Во главно, нивниот начин на живот е многу поразличен. Научниците откриле пет заеднички психолошки особини кај сите учесниците, кои придонесуваат за нивниот долг животен век во овој регион на Италија.

Се докажало дека психолошки биле далеку подобри дури и од помладите генерации. Раководителот на истражувањето, д-р Дилип Јасте, изјавил дека сите учесници биле во одлично псхилошко расположение, кое го постигнале благодарение на позитивноста, напорната работа, тврдоглавоста и силната врска помеѓу семејството, религијата и земјата. Факторот кој ги поврзува сите овие луѓе е љубовта кон земјата во која тие живеат.

Ова чувство е нивната главна цел во животот, бидејќи повеќето од нив и понатаму работат околу нивните места на живеење. Тие живеат со помислата: “Ова е мој живот и нема да се откажам”.

Карактеристиката што ги поврзува е во тоа што тие никогаш не се жалат на тешкотиите со кои се соочуваат и секогаш се обидуваат да го гледаат животот од светлата страна.

Позитивниот став кон животот навистина може да направи да живеете подолго.