Дали знаете дека 13 февруари е ден на пријателките (Galentine’s Day) и се поголем број девојки го прославуваат?
Но, како дошло до прослава на овој ден? Денот на пријателките настанал во популарната телевизиска серија “Parks and Recreation”. Главниот лик Лесли Ноп го измислила овој празник како изговор да ужива со своите најдобри пријателки. Оваа идеја толку многу им се допаднала на девојките ширум светот што тие сè повеќе ги слават женските пријателства токму на овој ден. Датумот е одбран поради тоа што е пред Денот на вљубените, давајќи му до знаење на целиот свет дека нема ништо посилно од женско пријателство.
Се што треба да направите е вечера да ги соберете вашите најблиски пријателки и да поминете една вечер со смеење, јадење, пиење и гледање филмови или серии.