Категории

ПРОШТЕВАЈТЕ: Денеска е големиот христијански празник Велики поклади или Прочка

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца интересен обичај на кој особено се радуваат децата. Се изведува на тој начин што варено бело јајце се прободува со игла, потоа низ него се провира конец кој се врзува за вретено или сукало. Домаќинката го држи конецот и сите почнувајќи од постарите амкаат обидувајќи се да го лапнат јајцето без помош со рацете. Само на помалите деца им се дозволува да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапне јајцето, си го добива за јадење а амкањето продолжува со друго. Величествен впечаток на празникот му даваат големите обредни огнови кои се палат вечерта на овој празник, а во некои градови како Струмица и Прилеп традиција е да се организираат карневали.

1 2

Прегледи:
3025
Објавено на:
13.03.2016