Категории

„Протече“ тајна за вискито Џек Даниелс чувана дури 150 години

Приказната која вели дека рецептот за Џек Даниелс ја измислил човек по име Ден Кол и го научил се` што знае својот чирак Џаспер „Џек“ Даниелс е лага, наведуваат од познатиот бренд. Рецептот го измислил робот на Ден.

Од Џек Даниелс после 150 години ја открија вистината за настанувањето на американското виски. Досега, приказната за јавноста беше дека Ден Кол го научил својот чирак Џек Даниелс како да управува со дестилеријата во Тенеси и му го открил рецептот за денес светски познатиот пијалок – Џек Даниелс.

Компанијата дури сега е подготвена да признае дека контроверзната приказна дека вискито Џек Даниелс го измислил роб е – точна. Ден Кол имал роб по име Неарис Грин кој работел во дестилеријата. Тој го измислил рецептот за популарното виски, а Ден ги превзел сите заслуги.

„Чекавме некој повод, како што е годишнина, за во јавноста да ја изнесеме вистината“, рекол историчарот Нелсон Еди за New York Times.

„Неарис Грин е најдобриот производител на виски кој го знам“, наводно своевремено рекол Ден Кол.

02-jack-daniels-vistina

Ропството е укинато во 1865 година, а една година подоцна Даниел отворил сопствена дестилерија во која ги вработил и двајцата синови на Неарис.

Една фотографија од тој период прикажува маж за кој се верува дека е еден од синовите, а тој седи веднаш до Даниел и неговиот работник. Таа фотографија покажува дека не бил одвоен од останатите вработени и дека играл значајна улога во фабриката. Во тоа време било вообичаено црнците да стојат во позадина на фотографијата.

03-jack-daniels-vistina

Фил Епс, глобалниот бренд директор на компанијата Brown – Forman, во чие сопствеништво се наоѓал Џек Даниелс 60 години, истакнува дека одлуката семејството Грин да се исфрли од историјата на познатото виски не била намерна. Меѓутоа, во времето кога дестилеријата се обидувала да го освои пазарот на американскиот југ, каде што владеела расна дискриминација, нивното потекло не би било дочекано со воодушевување.

Некои критичари велат дека откривањето на вистината после 150 години е циничен потег и дека го направиле тоа само затоа што се плашеле приказната да не излезе на виделина.

04-jack-daniels-vistina

Во дестилериите некогаш претежно работеле робови, а историските документи покажуваат дека нивните искуства во производството на виски било многу ценето. Се верува дека некои методи користени во поризводството на американско виски, а кои ги нема во германската и британската традиција, влечат потекло од древните африкански техники кои се пренесувале од генерација на генерација.

Прегледи:
590
Објавено на:
01.07.2016