Категории

Проверете дали сте САПИОСЕКСУАЛНИ  – Особина која ја поседуваат посебни луѓе

Дали се сеќавате на онаа легендарна сцена од филмот “A Fish Named Wanda” во која Џејми Ли Кертис доживува екстаза додека Џон Клиз и рецитира на руски јазик?

Џејми Ли Керис по нова дефиниција, била сапиосексуалка.
Овој поим се однесува на луѓе на кои им е потребна интензивна ментална и интелектуална конекција со некој за да возбудат сексуално.

Просто кажано, ако сапиосексуалците не се интелектуално предизвикани и привлечени, нема ни сексуална привлечност.

Различни дефиниции
Никогаш не е добро да се генерализираат нештата, особено кога се работи за сексот, и ист случај е со сапиосексуалците. Некои од нив ќе ги привлечат луѓе кои резитираат поезија, а други личности кои релативно брзо можат да решат крстозбор во весник. Но едно нешто е исто.

„Имав секс со други луѓе но вистински можам да се поврзам само со луѓе кои ме стимулираат интелектуално“,изјави една сапиосексуалка.

Нема врска со полот
Иако долго владеат предрасудите дека сапиосексуализмот е побрзан со жените, истражувањата го демантираат тоа, и во овој случај полот не е важен. Ако не можете да се возбудите или да станете романтични, додека некој интелектуално не ве стимулира, вие сте сапиосексуалец, без оглед на полот.

Не е доволно да бидете начитани
Интелигенцијата е многу повеќе од завршено училиште или број на прочитани книги. Доколку не сте традиционално „паметни“ тоа не значи дека нема да бидете привлечни на сапиосексуалците.

Не е деформација
Сапиосексуализмот не е ништо чудно или абнормално. Едноставно, сапиосексуалците не бираат што ќе ги возбуди, тие се така родени.

Добар секс
Тоа што нив ги возбудуваат малку поинакви нешта, тоа не значи дека сапиосексуалците немаат одличен секс.