Кристијано Роналдо и Георгина Родригез од трибините заедно го проследија фудбалскиот натпревар помеѓу Спортинг и Тондела кој се одржа во Лисабон, Португалија.
На папараци фотографиите, може да се забележи блескав дијамантски прстен на раката на бремената девојка на славниот фудбалер, што поттикна гласини дека тој ѝ предложил брак.
23-годишниот модел го носи четвртото дете на успешниот Португалец. Роналдо пред неколку месеци доби близнаци благодарениe на сурогат-мајка, а има и седумгодишен син од девојка чиј идентитет никогаш не беше откриен.