Ако некој досега посетил 50 држави, секој би бил импресиониран. Ако некој посетил 100 држави, не постои некој кој не би бил и повеќе од импресиониран. Но ако некој ја посетил секоја држава во светот и истовремено стане првата документирана жена и за најкус временски период да ги посети сите 196 држави… тоа дефинитивно би ги импресионирало сите.
Станува збор за Касандра Де Пекол, 27 годишната американка од Конектикат која веќе имаше посетено 181 држава од Јули минатата година, а со тоа беа преостанати уште 15 држави и 40 дена. Со тоа е загарантиран запис во Гинисовата Книга.
Нејзиното патување е уште познато како „Експедиција196“ и патува како Амбасадор на мирот при Интернационалниот Институт за Мир преку Туризам. Иако не можеме да го следиме секој нејзин чекор, сепак можеме да го правиме тоа преку нејзиниот Инстаграм профил. Напред Касандра!