Недела дена по бајковитата венчавка во Венеција, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер заминаа на меден месец на Малдивите.
Новопечените младенци се до сега успеаа да се скријат од јавноста, но сепак германските папараци успеаа да го откријат луксузното одморалиште.
На фотографиите се гледа како Ана и Швајни уживаат во песочната плажа и разменуваат нежности.
Инаку хотелот каде што престојуваат има 6 ѕвезди, а една ноќ во него чини 13.000 евра.