Категории

Првите месеци од мајчинството на водителката Милена Антовска Станковска

Мајчинството е нешто во кое уживам секој ден и се радувам како првиот момент кога ја здогледав. Да си мајка значи да научиш што е несебичност, што значи повеќе да не си приоритет самата себеси. Сфаќаш дека и кога си преморена, ненаспана и тотално исцрпена, сепак имаш сила и дека целиот замор го снемува кога ќе те погледнат тие очи кон кои чувствуваш безрезервна љубов”.

За мајчинството се вели дека е еден од најголемите благослови во животот и дека тоа чувство не се споредува со ниедно друго. Токму тоа го искуси водителката Милена Антовска Станковска пред неполни 3 месеци, кога ја донесе на свет својата ќерка Лана Марија. Како се справува со оваа улога, што за неа претставува мајчинството како и методите кои ги користи за спречување на грчевите кои се присутни речиси кај сите новороденчињата раскажува за Среќа.мк.

  1. Веќе 8 години континуирано Македонија се будеше со твојот глас и лик во утринската емисијата “Здраво Македонијо”. Дали ти недостигаат работните обврски овие неколку месеци?

Токму така, овие неколку месеци животот комплетно ми се промени, само будењето рано наутро остана исто. Од девојка која секојдневно се пројавуваше пред камерите, сега водам еден помирен живот зад камерите, но, секако пасијата кон работата не е променета и со задоволство ќе продолжам во градење на мојата кариера паралелно со мајчинството. Верувам дека секоја жена треба целосно да се посвети на работите што ги сака и само така ќе се чувствува остварена и исполнета.

  1. Што претставува мајчинството за тебе?

Мајчинството е нешто во кое уживам секој ден и се радувам како првиот момент кога ја здогледав. Да си мајка значи да научиш што е несебичност, што значи повеќе да не си приоритет самата себеси. Сфаќаш дека и кога си преморена, ненаспана и тотално исцрпена, сепак имаш сила и дека целиот замор го снемува кога ќе те погледнат тие очи кон кои чувствуваш безрезервна љубов.

  1. Речиси сите новороденчиња се соочуваат со грчеви и болки кои предизвикуваат да се чувствуваат вознемирено. Дали е тоа случај и со твоето бебе и на кој начин се справуваш со овој проблем?

Токму така, ова е најчестиот проблем кај новороденчината, а воедно и кај мојата ќерка. Поради моето неискуство и непознавање на таа тема, на почетокот бев исплашена и се обидував на повеќе начини да и ги олеснам болките на Лана Марија, но за среќа го најдов идеалното решение кое би им го препорачала на сите родители. Станува збор за техниката наречена Baby Bowen, која нуди исклучителна корист и олеснување за овие типови на симптоми.

По само три третмани во поликлиниката Дента ЕС, болките и грчевите кај Лана Марија се намалија и со текот на времето потполно исчезнаа. Покрај третманите, добив и обука од физиотерапевтот за да можам и јас самата да ја масирам мојата ќерка во домашни услови. Се обидов на секаков начин да ги спречам грчевите, но Baby Bowen третманите се покажаа како најдобар и најефикасен, а по третманот бебето ужива и има мирен сон.

  1. Целиот процес околу растењето на детето претставува огромна обврска за родителот. Од кого ја добиваш најголемата помош и поддршка?

Одгледувањето и воспитувањето е најголемата обврска за родителите. Во врска со тоа, навистина сум среќна што имам огромна помош и поддршка од мојот сопруг Гордан, како и од нашите родители.

  1. Што би им препорачала на сите оние кои се двоумат кој е вистинскиот момент да се остварат како родители?

Би им порачала дека не постои период од животот кој може да се нарече вистински период. Тоа е индивидуално и зависи од многу фактори, но доколку се решат на тој чекор мора да бидат сигурни дека се подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи мајчинството. Меѓу другото, од големо значење е да имаш тим од стручни медицински лица кои те насочуваат и помагаат за да се овозможи правилен развој на детето, а за мене тоа се Дента ЕС на кои потполно им верувам.

За мене лично, најголемиот предизвик е мојата ќерка да израсне во здрава и воспитана личност, со изградени ставови, која ќе знае која е нејзината цел во животот, а јас да бидам тука за да го гледам целиот тој процес и да и укажувам ако греши.