Категории

Прво појавување на Меган на балконот на Бакингемската палата по повод официјалниот роденден на Кралицата

Пред точно три недели се одржа кралската свадба на Меган и Хари, а сега новата снаа во семејството го имаше првото појавување на славниот балконот на Бакингемската палата.

Војводата и Војводката од Сасекс, наводно, штотуку се вратиле од медениот месец кој го поминале во Ирска, изгледаа прекрасно.

Денес со парада се прослави официјалниот, 92 роденден, на Кралицата Елизабета Втора, која инаку се опоравува од операција на очите од катаракт. Целото семејство беше покрај неа, насмеани и опуштени ја гледаа парадата во нејзина чест.  

Прегледи:
420
Објавено на:
09.06.2018