Многу жени во текот на менопаузата доживуваат нагли промени на расположението. Менопаузата ја набљудуваме како период на драстични промени, жените се чувствуваат како да напуштаат еден многу важен дел од животот и влегуваат во нешто непознато и неизвесно приближувајќи и се на староста. Со тоа се јавуваат и одредени непредвидливи емотивни реакции.
Постојат повеќе фази во менопаузата, а секоја е процес за себе која подразбира посебни симптоми.
Психички симптоми кои укажуваат на менопауза:
Нервоза – според истражувањето речиси 70% од жените чувствуваат нервоза пред менопауза. Стануваат помалку толерантни и полесно е да ги изнервирате и вознемирите.
Депресија – депресијата е сериозно психичко пореметување за кое потребен преглед, дијагноза и пратење од страна на стручно лице, а се јавува кај 1 до 5 жени во менопаузата.
Анксиозност – многу жени во менопаузата чувствуваат тензија, нервоза, загриженост и имаат напади на паника.
Епизоди на плачење и тага – во текот на менопаузата стануваме нервозни, полесно плачеме и може да нѐ погодат работи на кои претходно не би реагирале. Но, солзите се понекогаш лековити затоа што го регулираат нивото на стрес.