Категории

Психологија на боите: Носењето на овие нијанси докажано го подобруваат расположението

Боите го подобруваат нашето расположение, а експертите велат дека ќе бидете посреќни ако ги носите овие бои

Со недостатокот на сонце и улиците на градовите обоени во сиво, расположението на многумина е многу кревко и генерално лошо. Многумина ја доживуваат зимата како период на хибернација додека чекаат да дојде пролет и лето. Сепак, не мора да биде така.

Многумина тврдат дека решението за подигнување на расположението во зима е носење на силни бои, а целата теорија се нарекува допамин облекување. Психологот и автор на „Мала книга на бои“ Карен Халер објасни дека боите како жолта, розова, црвена, зелена и сина боја инстантно го подобруваат расположението.

“Силните бои инстантно го подобруваат расположението. Нашата самодоверба расте кога се облекуваме од глава до пети во омилена ведра боја што добро ни одговара”, истакна Халер, додавајќи дека облекувањето во силни и ведри бои им овозможува на нашите емоции многу позитивно и здраво искуство.

„Нашиот мозок силните боја најчесто ги поврзува со убави спомени. Затоа, ако се облечете во жолта облека, ќе се чувствувате весело, а кога ќе се облечете во црно токму спротивното“, заклучи Халер.

Прегледи:
659
Објавено на:
06.02.2020