Категории

Психолошки тест: Што прво забележувате на оваа слика? Тоа открива на кој начин се заљубувате

Како нашиот ум реагира кога сетилото за вид му дава премногу информации одеднаш може ите како да открие некои особини на нашата личност и некои аспекти за тоа какви сме во суштина

Немојте премногу да размислувате, погледнете ја сликата и дозволете му на вашиот мозок да одбере, што прво видовте на сликата?
Овој тест открива како се однесувате и што откривате за себе кога се заљубувате.

1.Лице на маж во профил
Ако прво сте го забележале овој апстрактен цртеж на старец во профил, тоа значи дека сте една од оние личности кои никогаш не ја губат „широката слика“, односно, кога е во прашање љубовта и врските, никогаш не ја губите од вид „широката слика“.
Може површно да оставате дојам на личност која можеби е лесно да се вљуби, но иако можеби „паѓате“ на романтични гестови, вистината е таа дека најлесно може да ве освои некој кој навистина се труди и вложува време и енергија што е потребно за вистинската љубов.
Вие знаете дека љубовта е многу повеќе од само буќет ружи, романтични вечери, вие сте во подрага по длабока и стабилна врска која исто така е романтична и бајковита.

2.Маж на коњ
Ако прво сте го забележале мажот на коњ, жал ни е што ќе ви кажеме дека нема да се заљубите во каубој. Вашата љубов е тешка за да се припитоми дури и кога ќе поверувате дека сте го пронашле мажот од вашите соништа.
Вие сте една од оние души како во времето на витезите и девиците која сака мажите во двобој да се борат за твојата чест. Тука се работи за страствена, опасна љубов од фантазиите.
Вие сте личност која секогаш сте во потрага по мажот од соништата, и често умеете да се изгубите во фантазиите.

3.Девојка која лежи покрај реката
Ако на сликата прво забележавте девојка која лежи покриена покрај реката тоа значи дека многу често губите верба дека ќе се појави вистинската љубов за тебе. Тоа значи дека во вашето минато сте биле повредениод љубовта и затоа не сте баш спремни да го подарите своето срце секому, вие сте внимателни и затворени.
Немојте никогаш да се откажувате од потрагата и да губите надеж, вие сте личност која има многу посилни чувства од другите.