Категории

Психолозите откриваат: Како е најдобро да изразите љубов – преку телефон или порака на Facebook

Можете телефонски да и изјавувате љубов на својата сакана по сто пати дневно, но доколку никогаш не сте и напишале писмо или порака – сте згрешиле, тврдат психолозите.

 Имено, предноста на пишаниот пред изговорениот збор ја утврдиле и научниците од Универзитетот во Индијана врз основа на истражувањето во кое студентите добиле страсни смс и говорни пораки. Емотивното возбудување на испитаниците било значително поголемо во првиот случај, што научниците не ги изненадило.

Кога пишуваме, имаме можност да го кажеме токму тоа што го мислиме и чувствуваме, да го составуваме текстот внимателно одбирајќи зборови кои ќе ги доловат нашите чувства додека сите овие работи во разговорите често пати се губат.

И затоа, пишувајте, па макар тоа било и само една порака на Фејсбук. А, секој може да напише и љубовно писмо, кое било и ќе остане еден од најромантичните гестови.

Но запомнете, не глумете, туку на хартија ставете сè што чувствувате. Лажните зборови лесно се забележуваат, како и цитатите што сте ги „украле“ од некој поет и писател.

Не размислувајте премногу со желба писмото да изгледа совршено. Тоа треба да ве отсликува вас, да биде искрено и спонтано.

Прегледи:
489
Објавено на:
05.05.2016