Категории

Птица го прелета Пацификот и собори светски рекорд

Птиците сакаат топли предели, а понекогаш во текот на миграцијата летаат на други континенти. Тие прават се за да пристигнат до својата дестинација па дури и кога оддалеченоста е огромна.

Една птица неодамна го собори светскиот рекорд за најдолг лет, прелетувајќи пат помеѓу Алјаска и Нов Зеланд. Нејзиниот пат го следела организацијата Global Flyway Network, која соработува со научници кои ја проучуваат миграцијата на птиците.

Се работи за птица црноопашна блатарка која носела уред за следење, а сателитските податоци покажуваат дека се работи за лет со должина 12,845 километри кој траел 224 часа без прекин. Ова е всушност рекорден лет кој го надминал претходниот во 2007 година дол 11,680 километри.

Црноопашната блатарка во обликот потсетува на борбен авион, има долги и шили крилја и аеродинамичен облик на телото.

Овој рекорд е показател дека природата навистина може да постигне повеќе од технологијата.