Категории

Путин во поетски стил го честита 8-ми Март

Рускиот претседател Владимир Путин на сите жени во Русија во средата им го честиташе празникот 8 март со стихови на Константин Балмонт.

 

Шефот на руската држава им се обрати на сите жени во Русија со традиционална честитка по повод Меѓународниот ден на жените, нагласувајќи ја нежноста, грижата и душевните особини на Русинките.

„Вие пополнувате се со вашата убавина и животна енергија, греете со нежноста и великодушноста, создавате атмосфера на топлина, гостопримство, хармонија. Со вашата постојана грижа за децата и внуците, за своето семејство… вие немате одмор. Ние често се прашуваме како успевате во сето тоа? Меѓутоа, главно е дека ние ве сакаме и ве цениме,“ рече Путин.

Претседателот нагласи дека не е чудно што мажите со векови на жените им посветувале музика, стихови. Тој потсети на стиховите на поетот Константин Балмонт за жената, пренесува Sputnik.

„Жената е со нас кога се раѓаме,
Жената е со нас во нашиот последен час,
Жената е нашето знаме кога се бориме,
Жената е радост кога ќе ги отвориме очите“.

Во жената секогаш наоѓаме сé, инспирација и утеха. Жената е извор на нашиот сопствен живот и нејзино продолжение преку децата. Меѓутоа, и жените се надеваат на нашата машка поддршка. Ние ќе се сеќаваме на тоа и не само денес. Ќе направиме се нашите акани да бидат опкружени со внимание и грижа за почесто да се смеат, наведе рускиот претседател во својата честитка до жените, посакувајќи им здравје, успех, радост и среќа.

Извор : Макфакс

Прегледи:
458
Објавено на:
08.03.2017