Категории

Радмила и Мартин, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

Радмила Периќ од Богданци и Мартин Ангелов од Битола минатата година отворија кафуле во Скопје, решија да го преселат истото во Битола – градот кој е познат по културата на пиење кафе.

Ако некогаш престојувате во Битола, кафетеријата „Улаф сте“ ќе ве пречека со одлично мени и гостопримливи домаќини. Се работи за прв кафе бар во државата во сопственост на лица со оштетен слух кои со своите гости комуницираат на знаковен јазик.  Тоа не им претставуваше пречка тие да го остварат својот сон и да покажат дека промените ги правиме самите без себеограничување.

„Оваа одлична идеја има и племенита цел, а тоа е да им се даде шанса на лицата со оштетен слух да работат, но и да ги научат другите по нешто за нивната комуникација и за нивниот тивок свет. Фантастичен пример кој треба да покаже дека дека лицата со хендикеп треба да бидат отворени за промени и да не се повлекуваат во својот свет. А општеството да даде поддршка и да не ја користи онаа позната административна реченица “Немате шанса како глуви луѓе да се занимавате со бизнис““, – раскажува Мартин.

Оштетениот слух не претставувал пречка за да развијат бизнис идеа, тие размислувале помеѓу кафетерија, фарма за животни или нешто трето. Оваа идеа ја развија во Скопје пред повеќе од една година но сега решија да ја преселат во Битола.

“Нема да пишеме ништо, затоа што немаме зборови за да го опишеме она што го правиме. Благодарни на сите вас, што сте наша поддршка, што не охрабривте и што ја споделивте љубовта ваша кон нас, да сме еднакви луѓе со оштетен говор и слух. Овој пат одиме појако, посилно и достоинствено во нашата Битола, сместени покрај реката Драгор, над Ленски Мост и на нашите битолчани им го носиме најубавото кафе од Наполи, Италија ….“ кафето Kimbo., стои на нивната објава по социјалните медиуми.

Прегледи:
815
Објавено на:
25.03.2021