Категории

Рајан Рејнолдс не продолжува јавно да се подбива на својата сопруга Блејк Лајвли

Се чини дека врската на познатите актери Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли никогаш нема да престане да биде извор на хумор и позитива.

Нивниот однос во кој тие постајано јавно се шегуваат на меѓусебна сметка е причина тие да бидат еден од од омилените холивудски парови на многумина.
Како и претходно, Рајан не заборави да направи мала слатка шега на сметка на неговата сопруга Блејк кога јавно и го честита роденденот споделувајќи нејзини фотографии на кои таа е лошо фотографирана.

View this post on Instagram

Happy Birthday, @blakelively.

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds) on

Брачниот пар е познат по тоа дека секогаш на необичен начин си ги честитаат своите родендени, претходно Рајан и го имаше честитано роденденот само споделувајќи фотографија од себе, додека за неговиот роденден, Блејк сподели фотографија од актерот Рајан Гослинг фотографиран со нејзиниот сопруг кој беше отсечен од фотографијата.

https://www.instagram.com/p/Bam3Lk6A_BA/?utm_source=ig_web_copy_link

Како и секогаш фановите го поздравија овој гест со насмевка, изјавувајќи дека тие се веројатно единствениот холивудски пар кој на толку сладок начин ја изјавува својата љубов.
Актерката во мај оваа година ја објави веста дека го очекуваат своето трето дете со Рејнолдс.

 

Прегледи:
531
Објавено на:
03.09.2019