Категории

Рајот каде што сите се разведени

Малдиви – 1 200 мали острови кои наликуваат на рај, распространети јужно од Индија. Кристална вода, палми, островот на илјадници медени месеци, но… и илјадници разводи.

Просечната 30 годишна жителка на Малдиви е разведена жена, но не еднаш, не два пати, туку три пати. Три разводи до триесетата година е само просекот на разводи на Малдиви. Објаснување? Малдивите ја имаат највисоката стапка на разводи во светот, толку висока што го држи Гинисовиот Светски Рекорд.

За споредба, во Белорусија и САД кои се рангирани како втора и трета земја со најмногу разводи, има околу четири разводи на илјада луѓе – што значи помалку од половина од разводите на Малдивите.

Неизбежно е прашањето зошто Малдивите се рекордери во разводи? Одговорот е бидејќи станува збор за муслиманска земја, каде што постои голема стигма против предбрачните сексуални односи. Па поради тоа многу 18-годишни тинејџери одеднаш го гледаат бракот како можеби најдобрата идеја досега. Чинот на венчавање и не е толку голема работа на Малдивите. Луѓето обично плаќаат судија за само 10 долари, покануваат 10 пријатели во ресторан и на тој начин стапуваат во брак.

Но, како и за повеќето одлуки донесени на таа возраст, па така и за оваа по краток период сфаќаат дека направиле грешка. За среќа тука се применуваат либералните закони за развод што владеат во повеќето муслимански земји во светот. Според овие закони каде што се до 2001 година само мажот имал право да биде иницијатор на развод, доволно е да изјави гласно пред сведокот дека повеќе не сака да биде во брак и на тој начин се разведува од својата сопруга, далеку од неуредната документација и исцрпните судски битки.

Прегледи:
538
Објавено на:
01.08.2017