Категории

Рајот на Земјата навистина постои

Да, вистина е. Рајот на земјата навистина постои. Се наоѓа на приватниот остров Kuda Hithi на Малдивите. Станува збор за ресортот Coco Prive.

Патниците на аеродромот ги пречекува приватна јахта која ги носи директно до ресортот. Таму ги чека персонал од 30 луѓе кои им се на располагање 24 часа, за време на нивниот престој.

Дел од превилегиите кои ги имаат гостите се луксузен коктел бар, огромен вински подрум, базен, сауна, масажа и приватен готвач.

Секако, секој луксуз, чини многу пари. Па така, за да уживате на овој рајски остров, потребно е да одвоите 45.000$ по ноќевање.

Прегледи:
510
Објавено на:
20.01.2018