Категории

Раката што дава не се суши

„Македонија е мала држава, и сите се знаеме и можеме да си помогнеме едни на други. Според моја проценка во државава нема повеќе од 250 бездомници и сакам да предложам сите да донираме по 100 денари со што на овие луѓе ќе им овозможиме достоен живот, ќе може да се изгради една зграда со гарсоњери, а ако секој приватник, пак, вработи по едно бездомно лице, сите проблеми ќе се решат„ – вели со насмевка на лицето Наташа Стоилковска, жената која несебично се вложи и успеа да го вдоми и да му најде работа на чичко Љубе, како што таа милува да го нарече.

А, приказната за чичко Љубе од Рекорд, битолчанец по потекло, на свои шеесетина години, започнала пред три години кога останал сам. Како што самиот раскажува, откако починала мајка му која живеела во Германија со неговите две деца, се се сменило. Децата без негово знаење дошле во Битола и му го продале станот во кој што тој живеел. Во меѓувреме, се развел и од сопругата и останал сам…

„Тешко е да се живее без покрив над глава, без можност да имаш каде да седнеш, со некого да поделиш збор, да се истушираш…„- ја започнува својата приказна чичко Љубе.

Чичко Љубе од Рекорд, и чичко Љубе од Катана, разликата е голема на негова среќа

2

Раскажува дека откако останал сам и на улица почнал да подработува како физички работник низ Битола, воглавном редел дрва, но и на таа работа и дошол крајот. Потоа, како за несреќа, еден негов братучед од Германија дошол со цел да отвори кафеана во градот на конзулите. Му понудил да го вработи и на негово име да ја пише кафеаната, за што Љубе се согласил. Но, кафеаната никогаш не се отворила, а тој станал газда на непостоечка кафеана што доплнително му го загорчува животот. Тој ја губи минималната социјална помош што ја добивал до тогаш, а ја губи и надежта во животот.

Па така, разочаран од Битола и битолчани, се одлучува корката леб да ја бара во Скопје. Тука почнува да живее на улица,во парк, на клупи…Лете-зиме…И кога врне, и кога сонцето пече…Почнува да проси, а нагови најдобри пријатели стануваат уличните кучиња со кои дели и добро лошо.

„Еден ден помина една жена, се вика Милка, и ме праша дали може да ме слика…Сакала да ме објави не интернет за да ми помогнат, ми рече. Јас се согласив и така тргна приказната„- вели Љубе.

Имено по сликата што сеобјави на интернет и по која објава голем дел од социјалните мрежи се интересираа како да му помогнат на бездомникот, Наташа го нашла.Нивната средба била во центарот наградот каде Љубе просел, во друштво со неговите кучиња.

И оттаму започнала потрагата за работа истан за чичко Љубе. По неколкунеделно натегање, Наташа му наоѓа работа како ноќен чувар во кафуле-пицерија Катана во Тафталиџе, ресора кој го менаџира братот на Наташа. Откако брат и се согласил и ги средиле сите администравни процедури околу вработувањето, чичко Љубе добил нов изглед – нова облека, се избричил, ошишал и се сместил во новиот дом, но како што вели тој кучињата не ги оставил, и тие со него живеат во новиот дом на Водно. А, навечер, пак, е на работа, каде оди со насмевка на лицето и вели „имало среќа и за мене“.

Наташа, пак, среќна што оваа приказна добила среќен крај ги повикува сите добри луѓе да помагаат бидејќи нема ништо подобро да се видат едни тажно очи како почнуваат да светат од радост.

Нека биде ова поука како треба да си помагаме!

http://text.mk/

Прегледи:
1255
Објавено на:
06.03.2016