Категории

Разделбата боли – Како да пуштите некого да замине?

И колку да посакувате љубовната врска да трае засекогаш и да биде исполнета со љубов и разбирање, понекогаш тоа едноставно не е возможно. Не е судено, ако е полесно да се каже така.
Излегувањето од љубовна врска никогаш не е едноставно, без оглед на тоа за чија иницијатива се работи за таа да биде прекината.
Било да сте со некој два месеци или 20 години, ударот е секогаш присутен и мора да се поднесе.

Реалниот живот е тој кој создава и открива нешта за личности со кои едноставно не можете да се носите.
Понекогаш врската се завршува под ваши услови, додека во други случаи партнерот носи одлука дали ќе останете пријатели. Во секој случај, што е тоа што треба да го знаете кога треба да ја пуштите личноста да замине од вашиот живот.

Одлучете дали врската вреди за трудот
Најтешката задача е всушност донесување на одлука за тоа дали вреди да се борите за врската или не. Ако сте доволно искрени спрема себеси, одговорот ќе ви дојде сам од себе. Она што треба да го сфатите е дали е личноста со која сте во врска е – вредна за вас.
Започнете од тоа дека никој не е совршен. Не гледајте ги неговите маани, туку посматрајте се како пар. Ако вашиот партнер ве запира на било кој начин во животот, ако не ги поддржува вашите цели и планови, ако се чувствувате како само вие да ја носите врската на вашиот грб, запрашајте се зошто воопшто останувате во таа врска.

Прекинете го секој контакт
Ако раскинувањето било болно и тешко и ако ви се чини дека тоа другата личност го прифатила прилично тешко, неопходно е да ги прекинете сите контакти со неа. Ако личноста ја држите блиску до себе, таа секогаш ќе ве спречува да продолжите понатаму. Токсичните личности управуваат со вашиот живот дури и кога не сакате повеќе да се дел од него и ако ви се во близина. Променете го бројот на телефонот, емаил-от, прекинете го и следењето на социјалните мрежи.

Потпрете се на пријателите и семејството
Со цел полесно да го преболите раскинувањето, побарајте поддршка од пријателите и семејството. Иако тоа може да делува како корист, вие всушност им укажувате доверба кога ви се најпотребни. Не е лесно да се биде сам после долга врска и потребен ви е некој кој ќе ве потсети зошто сте раскинале, како и да ви каже дека е во ред да се чувствувате скршено и изгубено.

Прифатете го животот после врската
Колку и да траела таа врска, веруваме дека ви значела. Со самото тоа враќањето на животот пред врската не е опција. Треба да продлжите понатаму. Поентата е во тоа да го прифатите животот после врската. Сега сте друга личност. Со едно искуство повеќе. АКо сметате дека во некоја рака вие сте допринеле во прекинувањето на врската, пронајдете начин како во иднина да не ги повторите истите грешки. Станете свесни за себе и своите дела. Не барајте од себе да ја преболите врската преку ноќ. Тоа ќе се случи тогаш кога ќе бидете спремни.

Прегледи:
884
Објавено на:
15.09.2020