Категории

Разговор.мк: Апликација за ментално здравје каде што може да најдете лиценциран психолог

Разговор.мк е платформа за ментално здравје на која корисниците можат да најдат лиценциран психолог и започнат процес за психолошко советување.

Разговор.мк овозможува нова функционалност за консултации на корисниците и психолозите на платформата. Со оваа функционалност и се отвора можност на пошироката јавност едноставно да го направи првиот чекор и да осознае што значи разговор со психолог, како функционира процесот и какви очекувања може да креира од советувањето.

Корисниците имаат можност да побараат консултација со тоа што ќе одговорат на три прашања:

1. Кој е предизвикот со кој се соочувате?

2. Од кога се појави предизвикот и/или симптомите?

3. Што би сакале да добиете од советувањето со психолог?

Оваа побарана консултација се дистрибуира до релевантните психолози кои ќе дадат краток бесплатен одговор, а исто така постои и можност корисникот да добие бесплатна консултативна сесија или консултативна сесија со попуст. Целта на оваа консултативна сесија е корисникот да може да се запознае со психологот и процесот и техниките кои психологот ги користи. Ваквата можност за консултации и кратки пишани одговори драстично ги зголемува шансите корисникот да го најде својот идеален психолог со кого ќе формира сојуз базиран на доверба.

„Нашата мисија е да им овозможиме на луѓето да живеат среќни и исполнети животи. Ова е мал чекор во тој правец и се надеваме дека оваа функционалност ќе го има влијанието кое го посакуваме“, велат од Разговор.мк.

Прегледи:
539
Објавено на:
16.09.2021