Категории

Разговор.мк овозможува бесплатна поддршка за жртвите на „Јавна соба“

Онлајн платформата Разговор.мк овозможи анонимно советување кое ќе го вршат лиценцирани психолози нудејќи поддршка на сите девојки кои биле злоупотребени во групата „Јавна соба“

„Нашата мрежа од над 30 лиценцирани психолози се понуди да овозможи бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата “Јавна Соба”. Сакаме ова да допре до што е можно поголем дел од жртвите за да знаат дека има безбедно место на кое може да добијат поддршка.“