Категории

Разликите помеѓу вистинскиот и погрешниот

Психолозите тврдат дека првиот контакт е доволен да го разликувате вистинскиот маж од погрешниот…

# Вистинскиот точно знае до каде треба да оди со алкохолот, и не си дозволува премногу да се опие. Погрешниот не е ни свесен дека постојат граници.

# Вистинскиот знае кога е моментот да се смени темата на разговор и има трпение да ги сослуша спротивните мислења. Погрешниот нема чувство дека ги “дави“ другите со некоја тема, се фали со своите успеси и прави шеги исклучиво на туѓа сметка.

# Вистинскиот флертува само со дами кои му се допаѓаат и тоа не по секоја цена. Погрешниот се труди да ја “смува“ секоја девојка на која ќе наиде, важен му е квантитетот.

# Вистинскиот ги исполнува ветувањата, не заборава на состаноците и договорите, го почитува туѓото време. Погрешниот ги откачува познаниците и пријателите и го памти само она што на него му е важно.

# Вистинскиот секогаш ќе се понуди да ја плати сметката, но им дозволува и на другите да честат. Погрешниот се расфрла со пари или со своето влијание во друштвото.

# Вистинскиот ќе ви го побара бројот на телефонот, љубезно ќе се понуди да ве испрати до дома и нема да побрза ве бакне, туку ќе го чека вистинскиот момент.

Погрешниот ќе се понуди да ве однесе до дома само ако процени дека ќе има корист од таа ситуација. На половина пат ќе предложи да одите во неговиот дом за подобро да се запознаете.

Прегледи:
388
Објавено на:
09.03.2016