Категории

Размислете: Ако ТОЈ ги поседува овие 5 особини, воопшто не ве заслужува!

Здравата врска се темели на меѓусебното почитување и љубов. Проверете дали сте во врска во која не ви е возвратено со иста мера (или воопшто) и престанете да го трошите своето драгоцено време на некој кој не ве заслужува. Овие 5 знаци откриваат дека е време за крај:

1. Никогаш нема време за вас

Но затоа секогаш наоѓа време за сите други луѓе во животот и откажува планови со вас за да се дружи со другите.

2. Неблагодарен е

И тоа буквално. Иако постојано се трудите околу него и му удоволувате, тој не знае да ви се заблагодари, ниту пак да направи нешто за вас.

3. Не го интересира вашето мислење

Никогаш не ве прашува за совет или мислење и сѐ прави по свое. Сам ги планира и вашите заеднички излегувања или прави планови кои не ве вклучуваат вас. Со таквиот став покажува дека не ве цени ни најмалку, како ни вашето слободно време, бидејќи смета дека за него секогаш мора да бидете достапни.

4. Мрзелив е

Ги избегнува сите обврски кои може да ги направите и вие, па не му паѓа на памет да ви помогне во било што.

5. Ве изневерува

Треба ли ова воопшто да се објаснува? Заборавете го, има многу подобри од него.

Прегледи:
507
Објавено на:
10.04.2019