Категории

Размислете уште еднаш пред да влезете во домот со чевли!

На многу од нас им се случило барем еднаш да влезат во домот со чевли. Во тој момент мислиме дека тоа не е толку страшно, но ако размислиме уште еднаш ќе сфатиме дека оваа практика не е толку безначајна.

Според истражувањата илјадници бактерии има на површината на земјата. Па затоа ако во семејството има некој со намален имунитет или мали деца неопходно е да се избегнува носење на чевли низ домот кои предходно се носеле надвор. Некои од бактериите кои се наоѓаат на површината на земјата може да предизвикаат здравствени проблеми особено кај децата кои си играат или лазат по подот, затоа следен пат кога ке бидете на прагот од домот РАЗМИСЛЕТЕ уште еднаш.

Прегледи:
463
Објавено на:
16.02.2019