Категории

Разочарани сте од љубовта? – Проблемот е всушност во вас!

Колку пати сте се се разочарале во љубовта, тврдејќи дека треба да се откажете од неа еднаш засекогаш затоа што едноставно секогаш налетувате на „погрешните личности“

Колку пати сте се се разочарале во љубовта, тврдејќи дека едноставно за вас не постои вистинска личност и постојано наидувате на „погрешните“ кои се или емоционално недостапни или проблематични.
Маргарет Пол, докторка по социологија, терапевт и автор на бројни книги вели дека проблемот е всушност во вас.

Или сте утопист, па верувате дека вашата љубов може да го промени партнерот или и самите сте затворени или емоционално недостапни.
Трет, чест случај е да сметате дека единствено ако го натерате некого да ве засака, ќе се чувствувате сакано. И грешите, секако. Затоа започнете да работите на себеси.

„Ако сакате да престанете да привлекувате недостапни луѓе, прво морате да поработите на вашата внатрешност“ – порачува Пол.
„Тоа значи дека морате да развиете силен аспект на личноста кој е подготвен за љубов, па за почеток засакајте се себеси на здрав начин. Колку повеќе се обидувате да добиете љубов од другите не мислејќи на себеси, и понатаму ќе привлекувате краткотрајни врски. Дури кога во потполност ќе се засакате себеси ќе престанете да се обидувате да ги терате другите да ве сакаат, затоа што таквите емоции никогаш не се здрави и не можат да ви донесат ништо добро.“