Внимание! Не го гледајте ова видео додека пиете кафе или чај! Не знаеме кој го монтирал, но во секој случај заслужува длабок наклон.
„Боемска Рапсодија“ е музичко ремек-дело на Фреди Меркјури. На почетокот нема да знаете дали да се смеете или да плачете поради фактот дека Кание Вест ја избрал баш оваа песна да ја исфалшира до граница на непрепознатливост.
Ако ја погледнете целосната изведба на Кание, лицето ќе ви се згрчи од непријатност.
Текстот за „Боемска Рапсодија“ го напишал Фреди, а песната се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најдобра песна на сите времиња. Песната инаку „веќе била комплетна во главата на Фреди“ уште пред да започне со снимање. Тоа го раскажал Брајан Меј.