Категории

Реакцијата на слепото хаски кученце кое за прв пат почувствува снег ќе ви ги стопи срцата

Кога Менди Леунг донесе дома женско хаски кученце по име Мекензи, таа знаеше дека тоа ќе и го исполни животот. Мекензи беше слепа на десното око уште од раѓање, а по само еден месец живот, го изгуби видот целосно, но тоа не ја спречи да ужива секој ден со бескрајна веселост.

Мекензи сака да игра со своите пријатели во паркот, да се гали со својот сопственик и да оди на долги прошетки, но омилено нешто за ова куче е снегот.

Цела година, Мекензи ја чека зимата конечно да падне снег, а кога тоа ќе се случи, едвај ја задржува возбудата. Иако не може да го види, штом почувствува како снегулките паѓаат на нејзиното крзно, таа почнува да се радува.
Сопственичката ја сними слатката реакција на кучето и ја сподели на социјалните мрежи, каде воодушеви бројни корисници.

„Ова ми го разубави денот“, пишуваше во коментарите.

„И пријатно и тажно истовремено“, додаде друг.

Прегледи:
764
Објавено на:
19.02.2021