Вистинската љубов не може да се сокрие, нити да се одглуми
Кога е во прашање љубовта, мажите тешко се отвараат. На некои им е тешко да ги покажат своите емоции, на крајот на краевите непишаното правило кое им се наметнува на мажите е тие да бидат озбилни, мирни и без емоции.
Ако мажот вистински се грижи за вас, овие 8 фрази сигурно ќе ги изговори:
„Тоа ме потсети на тебе“
Оваа фраза покажува дека вашиот партнер мисли на вас дури и кога не сте заедно
Доколку ви дава прекари
Посилниот пол на овој начин се однесува само спрема жената пред која се чувствува пријатно, на која и верува и за која навистина се грижи. Ова е вистински начин да се зближите на емоционално ниво.
„Дозволи ми да ти помогнам“
Со оваа изјава тој сака да ви покаже дека е секогаш тука за вас за што и да ви треба и можете да се потпрете на него
„Ми недостигаш“
Кога ќе ви го изјави ова, со тоа ги признава длабоките чувства спрема вас. Меѓутоа многу е важно и во кои ситуации ви го кажува тоа. Ако е тоа исклучиво само кога е осамен или му е досадно тогаш тоа не е њубов. Доколку добивате вакви пораки од него кога тој се наоѓа на работно патување или е излезен со пријателите, тогаш значи дека вистина има чувства за вас.
„Преубава си“
Ако ве опсипува со комплименти и се триди да се чувствувате како нјубавата жена на светот, верувајте дека е во прашање вистинска љубов.
„Се грижам“
Мажот ќе го интересираат вашите проблеми само доколку навистина се грижи за вас. Ако е секогаш покрај вас кога ви е тешко и сака да знае што е она што ве мачи, тогаш тој е вистинскиот.
„Те сакам“
Најочигледната фраза во која се содржани цела храброст и отвореност. Ова покажува дека сака да биде потполно искрен со вас.