Категории

Редок поглед на магично ѕвездено небо над Битола

Ведрите ноќи и чистиот воздух понекогаш знаат да не почестат со небо со милион ѕвезди, но знаете ли како изгледа ѕвезденото небо гледано од 2218 мнв?

Доколку не сте имале можност да поминете ноќ на висина над две илјади метри, тогаш голема е веројатноста да не сте свесни колку магично е всушност небото. Аеро и светлосното загадување од урбаните средини не лишуваат од магијата на универзумот, но овие моќни фотографии ни го покажуваат тоа што за жал немаме можност да го видиме од градот.

Авторот на овие фотографии е Менде Давитковски и нему треба да сме му благодарни бидејќи ни нуди поглед редок од височините и не примамува да го видиме ова волшебство со голо око.

Фотографиите се направени на Големо Езеро кое се наоѓа на 2218 мнв на прекрасната Баба Планина, високо над Битола и далеку од светлосното загадување од градовите, каде се наоѓа планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“, кој воедно е највисоко поставениот планинарски дом во Македонија.

Навистина прекрасна локација која е вистинско бегство од реалноста.