Категории

Редовниот секс не прави младолики

Редовниот сексуален живот влијае позитивно на расположението, ги намалува болките и го зголемува имунитетот. Но, според истражувачите, редовниот секс допринесува и за младолик изглед.

Доктор Дејвид Викс е автор на истражувањето кое потврдило дека постарите мажи и жени кои имаат активен сексуален живот, изгледаат 5-7 години помлади.
Направени се и други истражувања кои потврдуваат дека редовниот секс го намалува ризикот од предвремена смрт.
Доктор Викс поминал 10 години истражувајќи го влијанието на сексуалниот живот врз здравјето на луѓето во постара возраст. Во неговите студии учествувале повеќе илјадници луѓе.


Доктор Викс смета дека уживањето кое произлегува од сексот е клучен фактор во зачувувањето на младоста.
Исто така, во текот на сексот се испуштаат ендорфини кои се одговорни за создавање на добро расположение. Ендорфините делуваат како природни намалувачи на болката и овозможуваат полесен сон.
Сексот ја подобрува циркулацијата, а тоа е важно за здраво срце и сјајна кожа. Освен тоа, помага при согорување на мастите и го подобрува имунитетот.

 

Прегледи:
480
Објавено на:
19.06.2019