Наместо бесцелно размислување во обидите за решавање на некој проблем, вдишете длабоко и согледајте го. Имено, ако го разбирате проблемот тогаш полесно ќе дојдете до неговото решение.
Дали сте забележале дека секогаш ви е многу полесно да дадете совет некому отколку на самите себе?
Ајнштајн го изјавил ова: „Ако имам еден час да решам одреден проблем, ќе потрошам 55 минути на размислување, а 5 на тоа како да го решам.“ И бил во право. Наместо бесцелно да се обидувате да го решите проблемот, подобро најпрво согледајте го, па тогаш кога ќе го разберете ќе можете и да го решите.
Исто така, многу е важно и како го претставувате проблемот, односно кои зборови ги употребувате. На пример, ако сакате да престанете да пушите бидејќи тоа ви претставува проблем, наместо да си повторувате „Морам да престанам да пушам“, кажете си „Ќе си го продолжам животот, ќе бидам поздрав, ќе имам повеќе енергија“. Ваквиот начин на размислување побргу ќе ве доведе до целта. Освен ова, добра мотивација е и наградувањето. Откако успешно ќе решите некој проблем, наградете се себеси.