Категории

Решено е – Роналдо донесе конечна одлука дали ќе игра во Скопје

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, нема да му биде на располагање на Зинедин Зидан за Суперкупот на 8. август кој ќе се одржи во Скопје, но затоа ќе се врати веќе на 13. истиот месец, кога Реал игра против Барселона во Ел Класико.

Роналдо доби краток одмор по обврските со селекцијата на Португалија на Купот на конфедерации, а наскоро ќе замине за Јапонија, каде го чекаат обврски со спонзорите.

Но Роналдо се враќа во Шпанија за натпреварот со Барселона на „Камп Ноу“, во рамките на шпанскиот куп, од каде буквално ќе тргне и бурната сезона во Примера.

Навивачите на Реал, но и оние на Манчестер Јунајтед, силно се надеваа дека ќе го видат својот миленик во Скопје, но сепак нема да им се оствари посакуваната желба.

Прегледи:
504
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
16.07.2017