Иако сѐ почесто имаме можност да читаме за локалите низ светот кои се грижат луѓето со финансиски проблеми да добијат оброк, кај нас тоа и не е толку често. Токму поради тоа, од особено значење е гестот на тетовскиот локал „Тајм аут“ кој на својата фејсбук страница објави дека нудат бесплатна храна за сите ученици со финансиски проблеми. Тие ученици, без разлика дали учат во основно, средно или, пак, се студенти, ќе добијат картонче со кое до крајот на школувањето ќе добиваат бесплатна храна.
– „Тајм аут“ нуди помош за ученици (од основно, средно) и студенти што имаат финансиски проблеми во текот на студирањето. Тие треба да се јават кај одговорниот на локалите и ќе им се даде картонче со кое во текот на годините до завршувањето на школувањето ќе добиваат бесплатна храна – објавија од локалот на нивната фејсбук-страница.
Оваа вест доби голем број позитивни критики, а во иднина се надеваме дека во иднина ќе бидеме сведоци на уште многу слични примери кои ќе ја покажат хуманата страна на секој од нас!